По четири сезони минати во Бутел Скопје и дваесетина години активно играње ракомет, капитенот Бојан Спасовски реши да ја заврши ракометната кариера.
Бојан Спасовски потекнува од Радишани, ги бранеше боите на Тинекс Пролет, Вардар Јуниор и Охрид.
Со Бутел Скопје три пати беше дел од Ф4 во Купот на Македонија, а оваа сезона го освои третото место во Суперлигата. Играше и во европските купови со екипата на Бутел Скопје.
“Бокса, ти благодариме!” – изјавија од Бутел Скопје.




(фото-Рк Бутел Скопје)📷