Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Алкалоид со конечни 26-24 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Охрид и на полувреме водеше со 15-11, па во второто полувреме иако Алкалоид се обидуваше да парира, сепак беше поразен.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Доминик Мате со шест гола, додека кај Алкалоид најефикасен беше Никола Костески исто така со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








