Охрид се засили со Никола Грубиќ

Екипата на Охрид за следната сезона се засили со десниот бек Никола Грубиќ кој доаѓа од Дубочица Лесковац.

Српскиот интернационалец игра на позицијата десен бек и потпиша 2 (две) годишен договор со тимот на Охрид. Доаѓа по одличните игри во Дубочица и Партизан (Србија).

„Среќен сум што сум дел од клуб како Охрид. Благодарам на управата за довербата, со нетрпение очекувам нови предизвици. Нека ни е со среќа и да постигнеме најдобар можен пласман и излез во Европа”, – изјави Грубиќ.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.