Охрид се засили со десното крило Балша Цејовиќ

Екипата на Охрид се засили со десното црногорско крило Балша Цејовиќ.

Цејовиќ иако има само 22 години, има голема кариера зад себе. Има настапувано за Морнар во својата држава, за Паок и Диомидис во Грција и Бенидорм во Шпанија.

Има настапувано во сите младински категории за Црна Гора, а беше и на поширокиот состав за европското првенство оваа година за сениорската репрезентација.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести