Владан Кастратовиќ е нов ракометар на Охрид

Екипата на Охрид за следната сезона се засили со централниот бек Владан Кастратовиќ кој доаѓа од тимот на Струга.

Црногорскиот ракометар на позиција среден бек потпиша договор со тимот на Охрид на две години. Кастратовиќ доаѓа по одличната сезона во Струга, а пред тоа беше дел и од тимот на Комови од Црна Гора со кој тим го има најголемиот успех освојувајќи го националниот куп во 2019та година.

“Драго ми е што наредната сезона ќе бидам дел од овој клуб, кој клуб е спремен со многу работа да направи големи успеси. Се надевам дека целта ќе ја оствариме со излез во Европа. Ви благодарам на довербата и верувам дека заедно со сите играчи и управата ќе славиме многу победи”, – изјави Кастратовиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести