Германскиот тим Вецлар за новата сезона го ангажираше десниот бек Владан Липовина во своите редови.
Десниот бек Владан Липовина во Вецлар доаѓа од тимот на Балинген. Липовина по пет години повторно се враќа во Вецлар каде беше дел од тимот од 2014 до 2017 година.
„Секогаш се чувствував многу удобно во Вецлар и сигурен сум дека можам да ги донесам моите квалитети во тимот и да го пренесам моето искуство од Бундеслигата. Навистина едвај чекам повторно да играм пред овие неверојатни навивачи во Будерус Арената“, – изјави Владан Липовина.
Владан Липовина освен за Балинген настапуваше и за Хутеберг, Рајн Некар Левен беше дел и од Металург.
(фото – Рк Вецлар)📷