Хрватска е нов шампион во ракомет на плажа во машка конкуренција

Машката сениорска репрезентација на Хрватска стана нов шампион во ракомет на плажа на Светското првенство кое беше во Ираклион.

Селекцијата на Хрватска во финалето славеше против Данска со 2-0 во сетови (24-22, 21-18) и со тоа ја обезбеди титулата по трет пат и го обезбеди 30. медал за богата колекција во хрватскиот ракомет на плажа.

(фото – ИХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.