Екипата на Охрид го пушти во продажба сезонскиот билет за новата натпреварувачка сезона 2022/2023.
Сезонскиот билет овозможува влез на:
-Сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија (вклучувајќи и плеј оф натпревари)
-Сите елиминациски домашни натпревари од Куп натпреварувањето во Македонија (невклучувајќи организација на Ф4 натпревари)
Цената на сезонскиот билет изнесува 1.200 денари со поклон дрес од ГРК Охрид. Секој заинтересиран за купување на сезонскиот билет да се обрати по порака на ФБ профилот и Инстаграм профилот на ГРК Охрид или на телефонскиот број 078 249 499.
(фото-ГРК Охрид)📷