Почетокот на сезоната наближува. За таа цел, под слоганот „Љубовта наша голема” започнува продажбата на сезонски билети за домашните натпревари кои Вардар ќе ги одигра во домашното првенство и Купот, Регионалната лига и групната фаза од Лигата на шампионите.
Цената на сезонскиот билет изнесува 4500 денари, а продажбата се врши единствено онлајн, преку продажната мрежа на клубот.
При купувањето, навивачите имаат можност самите да изберат свое место во салата од каде ќе го бодрат клубот на домашен терен, во СЦ „Јане Сандански” и во „Расадник”, за каде исто така ќе важат сезонските билети, без разлика на тоа што седиштата не се нумерирани.
Купените билети во ПДФ формат, подоцна ќе бидат заменети со пластифицирани карти со кои на сопствениците на сезонски билети ќе им се овозможи влез на натпреварите.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








