Чаир се засили со Сабрина Фиоре од Парагвај

Екипата на Чаир постигна договор со квалитетната ракометарка која своите почетоци ги имаше во клубот Сан Хозе од Парагвај, потоа настапуваше за бразилските екипи Кариацикенсе и ААУ, а продолжи кариера во Шпанија во Ла Калзада и Балонмано Т Маравила.

Бојан Крстевски, Матео Сиљановски и Христијан Пупунцоски во првиот тим на Охрид

Покрај Илија Трајчески "ракометниот бисер" кој потпиша професионален договор со екипата на ГРК Охрид и тренира со првиот тим, за оваа 2025/26 сезона пријавени за Супер лигата и Европскиот Куп се уште тројца играчи од младинскиот погон на ГРК Охрид.