Иван Џонов: Со добрите игри од Тинекс Пролет да продолжам и во репрезентацијата на Македонија

Иван Џонов продолжува со одличниот ракометен развој, што беше забележан и од селекторот Кире Лазаров, кој го вклучи бекот на Тинекс Пролет на списокот за подготовки за СП 2023 во Полска и во Шведска.

Алексо Лембанов: Уште од самиот старт на подготовките имавме јасна визија

Тинекс Пролет одлично го заврши првиот круг од натпреварувањето во Супер лигата, откако во 14-те одиграни натпревари забележа десет победи, две реми и два порази (двата од вицешампионот Еурофарм Пелистер), заслужено освојувајќи го второто место во групата Б, за пренесување на два бода на стартот од плеј-офот.