
Чантурија тренер на Прилеп, двајца грузијци заминуваат
Екипата на Прилеп во следната сезона ќе влезе со нов тренер и изменет состав, откако неколку ракометари и тренерот го напуштија тимот.

Екипата на Прилеп во следната сезона ќе влезе со нов тренер и изменет состав, откако неколку ракометари и тренерот го напуштија тимот.

Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ официјално беше претставен во франуцскиот тим Трембле.

Шест ракометари од школата на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски, потпишаа професионални договори со тимот на Бутел Скопје на две сезони.

Германскиот тим Вецлар за новата сезона го ангажираше десниот бек Владан Липовина во своите редови.

Екипата на Загреб за следната сезона се засили со Габриел Бувиниќ кој доаѓа од тимот на Умаг.

Павел Хорак кој има 39 години кариерата ја продолжува во родната Чешка, откако потпиша за Ловци Ловосице.