
Преспа се враќа со три бода од гостувањето кај Борец
Ракометарите на Преспа 2015 со победа се враќаат од гостувањето во Велес кај екипата на Борец, откако славеа со резултат 31-23.

Ракометарите на Преспа 2015 со победа се враќаат од гостувањето во Велес кај екипата на Борец, откако славеа со резултат 31-23.

Тимот на Кичево 2020 ја забележа првата победа во Првата лига, откако на домашен терен ја совлада екипата на Јехона со минимални 23-22.

Екипата на Македонија Ѓорче Петров оствари убедлива победа против новиот прволигаш Овче Поле со резултат 34-26 во Првата лига.

Ракометарите на Аеродром забележаа победа против екипата на Астраион со високи 37-22.

Екипата на Мулти Есенс го совлада тимот на Шампион со резултат 39-26 во натпревар од Првата лига.

Ракометарите на Металург РА го совладаа тимот на Партизан Гевгелија со резултат 34-27 во првото коло од Првата лига.