
Работнички со победа против Борец во Првата лига
Ракометарите на Работнички триумфираа на гостувањето во Велес кај екипата на Борец во натпревар од Првата лига, гостите прославија победа со резултат 28-26.

Ракометарите на Работнички триумфираа на гостувањето во Велес кај екипата на Борец во натпревар од Првата лига, гостите прославија победа со резултат 28-26.

Ракометарите на Младост 1977 продолжуваат со победите во Првата лига, на домашен терен совладана екипата на Преспа од Ресен со конечни 22-20.

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија победа во групата А од Првата лига, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Астраион од Струмица со резултат 31-30.

Во дербито што се одигра во Неготино помеѓу Вардар Неготино и Драчево, победник беше домашната екипа со резултат 31-25.

Ракометарите на Партизан Гевгелија ја забележаа третата победа во 7. коло од Првата лига, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Шампион со конечни 30-22.

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода тримуфираа на домашен терен против екипата на Кичево 2020, со резултат 39-27 во Првата лига.