
Ф4 полуфинале: Барселона со Кил, Веспрем со Киелце
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди полуфиналните парови за завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди полуфиналните парови за завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Ракометарите на Кил остварија победа против ПСЖ со 33-32 и обезбедија место на Ф4 турнирот, откако првиот натпревар заврши нерешено, а на вториот Кил победи со еден разлика.

Екипата на Барселона го совлада тимот на Фленсбург со 27-24 во вториот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Киелце славеа и на вториот натпревар против Монпелје со 30-22 и се пласираа на Ф4 турнирот во Келн.

Екипата на Веспрем беше поразена на гостувањето кај Алборг со 37-35, но сепак поради поголемата предност од првиот натпревар екипата на Веспрем ќе патува на Ф4 турнирот.

Ракометарите на Веспрем славеа против Алборг со конечни 36-29 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.