
Еурофарм Пелистер 2 се засили со Антонио Николовски
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го потпиша Антонио Николовски. Тој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јовиќ и стручниот штаб.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го потпиша Антонио Николовски. Тој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јовиќ и стручниот штаб.

Заврши групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Екипата на Вардар 1961 за противник во осминафиналето го доби тимот на Веспрем, ако го мине Веспрем, македонскиот тим би играл со Алборг.

Ракометарите на Струга остварија победа против Аеродром во Купот на Македонија од 32-30 и обезбедија меч за борба на Ф4 во Купот на Македонија. Струга во финалето од групата 2 ќе игра со Бутел Скопје.

Ракометарките на Астибо забележаа победа на гостувањето кај Кузман Вардар со конечни 31-24 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте кој има 29 години од следната сезона ќе биде нов ракометар на Вардар 1961.

Веспрем забележа победа на гостувањето во Париз кај ПСЖ со 40-39 во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.