Младинците на Еурофарм Пелистер повторно ќе бидат дел од Лигата на шампионите!

Актуелениот кадетски шампион на Македонија, Рк Еурофарм Пелистер-генерацијата 2008 продолжува да гради своја европска репутација со учество во EХФ Лигата на шампионите, најелитното клубско ракометно натпреварување за млади во Европа. Ова е потврда за посветеноста, дисциплината и високото ниво на работа на младите ракометари и стручниот кадар на клубот.

Успешно организиран турнирот “5-ка за ракомет” од школата “Седмерец” (ФОТО)

Во одлична спортска атмосфера и со многу детска енергија, се одржа петтиот по ред ракометен турнир во мини ракомет "5-ка за ракомет", во организација на ракометната школа „Седмерец“ од Охрид.