
Реми помеѓу Крим и Мец во Лигата на шампионите
Заостанатиот натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите кој се одигра денеска заврши нерешено со 27-27 помеѓу Крим и Мец.

Заостанатиот натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите кој се одигра денеска заврши нерешено со 27-27 помеѓу Крим и Мец.

ЦСМ Букурешт забележа победа против Подравка со конечни 29-21. Најефикасна кај ЦСМ Букурешт беше Омореги со пет погодоци, кај Подравка најефикасна беше Мугоша со седум погодоци.

Дербито помеѓу ФТЦ Раил Карго и Ростов Дон заврши нерешено 25-25. Најефикасна кај ФТЦ Раил Карго беше Солоси-Зашик со шест погодоци, додека кај Ростов Дон најефикасна беше Манагарова со седум голови.

Екипата на Есбјерг беше подобра од Подравка со убедливи 30-17. Најефикасна во екипата на Есбјерг беше Солберг со седум погодоци, додека кај екипата на Подравка најефикасна беше Стелмак со пет погодоци.

Ѓер забележа минимална победа против Одензе со 27-26. Најдобра кај Ѓер беше Офтедал со пет погодоци, кај Одензе најдобра беше Хејлунд со два погодоци.

ЦСМ Букурешт славеше против Борусија Дортмунд со 33-29. Најефикасна во ЦСМ Букурешт беше Кристина Неагу со 11 погодоци, додека кај Борусија најефикасна беше Бергер со шест погодоци.