Тренерот Владимир Глигоров стартуваше со Голден Арт, првиот предизвик викендов против Куманово

Владимир Глигоров како шеф на стручниот штаб вчера го одржа првиот тренинг со екипата, запознавајќи се со играчите и блиските соработници од тимот со кој следниот период ќе работи на обезбедување на опстанок во супер лигата.

Владимир Глигоров е нов тренер на Голден Арт

Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и на репрезентациите на Саудиска Арабија, Сирија и Либан, како и тренер на повеќе суперлигашки екипи во државата, Владимир Глигоров, е нов тренер на ракометниот клуб Голден Арт.

Голден Арт започна со подготовки, амбициите се останување во Супер лигата

Голден Арт ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, како дел од плеј-аутот, со амбиции за опстанок во супер лигата и учество во истата и во следната натпреварувачка сезона.