Формирана фондација за помош на младите спортисти во Македонија под името Марко Божиновски

Марко Божиновски е младиот ракометар кој прерано не напушти на само 20-годишна возраст, а во негова чест семејството Божиновски формираше фондација „Марко Божиновски 9“ која во иднина ќе помага на младите спортисти во Македонија.

Димитар Димитриоски опериран по повредата на менискусот

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Димитар Димитриоски успешно е опериран по повредата на менискусот заради која не играше во претходниот период. Бекот Димитар Димитриоски наскоро ќе го започне процесот на рехабилитација.