Познати учесниците на третиот турнир организиран од Ѓорче Петров

ЖРК Ѓорче Петров е организатор на третиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2023“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми август на отвореното игралиште покрај „Камин Кама”, како и во спортската сала “Христо Батанџиев” во утринските часови.

Бекамент од Србија го совлада Ѓорче Петров во финалето и го освои турнирот “Ѓорче Петров Куп 2022”

Екипата на Бекамент од Србија го освои второто издание на турнирот "Ѓорче Петров Куп 2022" во женска конкуренција, откако во финалето ја совлада екипата на Ѓорче Петров со резултат 31-23.