Горан Кузманоски објави список кај кадетите за Светското првенство во училишен ракомет

Селекторот на машката кадетска репрезентација Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за настап на Светското училишно првенство во ракомет во период од 21 до 28 април 2026 година.

На прес-конференција најавено е Светското првенство за училишен ракомет

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа официјална прес-конференција по повод Светското училишно првенство во ракомет – Скопје 2026, кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град.