
Општина Аеродром и Рк Аеродром потпишаа меморандум за соработка
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески потпиша меморандум за соработка со претседателот на ракометниот клуб Аеродром, Дарко Петровски.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески потпиша меморандум за соработка со претседателот на ракометниот клуб Аеродром, Дарко Петровски.

Пред Охрид е најважниот натпревар сезонава. „Гладијаторите“ во мечот со романската екипа Потаиса Турда од 2. коло на Европскиот куп влегуваат со респект кон противникот, но и со оптимизам дека можат да остварат победа која ќе им овозможи предност пред реваншот.

Леона Миленкоска веќе трета година е дел од сениорскиот тим на Вардар. Се работи за младинска репрезентативка на Македонија и играч на сениорската екипа на Вардар. Има настап зад себе и на кадетското Европско Првенство во Црна Гора мината година и на младинското Светско првенство кое годинава се играше во Скопје.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 2. коло од групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.

Ракометната федерација на Малта на свечен настан ги прогласи најдобрите ракометарки и ракометари за минатата сезона.

Екипите на Кичево 2020 и Аеродром одиграа нерешено со резултат 32-32 во натпревар од 4. коло од Првата лига.