
Фуксе Берлин го совлада Гранољерс и стана нов шампион во Лигата на Европа
Екипата на Фуксе Берлин го совлада тимот на Гранољерс со резултат 36-31, и стана нов шампион во Лигата на Европа во машка конкуренција.

Екипата на Фуксе Берлин го совлада тимот на Гранољерс со резултат 36-31, и стана нов шампион во Лигата на Европа во машка конкуренција.

Ракометарките на Стружанка беа подобри од тимот на Ѓорче Петрво со резултат 28-24, и станаа нови шампиони во кадетска женска лига.

Младинките на Вардар го совладаа Ѓорче Петров со резултат 32-29, и ја освоија младинската женска лига на Македонија.

Кадетската екипата на Мулти Есенс беше подобра од Струга со 31-29 во финалето од Ф4 турнирот во кадетската машка лига, и е шампион на Македонија.

Пионерската екипа на Деспина го освои третото место на Ф4 турнирот во пионерската лига, и се закити со бронза.

Екипата на Икаст од Данска, е нов освојувач на Лигата на Европа во женска конкуренција, откако во финалето го совлада тимот на Никобинг со 31-24.