
Филип Лазаров и Интерактив се пласираа во Третата лига во Германија!
Екипата на Интерактив, каде тренер е македонецот Филип Лазаров на едно коло пред крајот обезбеди место во Третата лига во Германија.

Екипата на Интерактив, каде тренер е македонецот Филип Лазаров на едно коло пред крајот обезбеди место во Третата лига во Германија.

Ракометниот Клуб Тинекс Пролет пред вчерашниот дуел со Алкалоид му врачи благодарница на Иван Џонов, за придонесот што овој ракометар го даде за тимот во годините што ги мина носејќи го дресот на скопскиот суперлигаш.

Управата на Тинекс Пролет пред мечот со Вардар 1961 ја искористи можноста за да им додели специјални благодарници на Михаил Аларов и на Томи Јагуриновски, кои пред неколку месеци од Пролет направија трансфери во редовите на Вардар 1961.

Екипата на Еурофарм Пелистер четврта година по ред е екипа на годината во изборот на Општинскиот сојуз на спортови - Битола.

Во Општина Охрид на Владимир Бојаниќ му беше доделена награда за спортист од друго населено место или странец кој настапува во екипа од Охрид.

Екипата на Вардар 1961 ја забележа првата победа во СЕХА лигата, откако го совлада тимот на Партизан со 31-26.