
Охрид триумфираше против Вардар 1961 во пријателски натпревар
Екипата на Охрид триумфираше против тимот на Вардар 1961 со 27-26, во пријателски натпревар кој беше одигран во Маврово.

Екипата на Охрид триумфираше против тимот на Вардар 1961 со 27-26, во пријателски натпревар кој беше одигран во Маврово.

Познати се групите за турнирот во Струга, што ќе се одржи од 16 до 19 август на отвореното игралиште "Горан Попоски - Бабец".

Извршниот директор на двојниот европски шампион Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка, со што се зголеми семејството на пријатели и поддржувачи на „црвено-црните“.

По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар 1961.

Повеќекратниот македонски ракометен првак Вардар 1961 веќе почна да ја добива поддршката од бизнис заедницата во Македонија, и со задоволство од клубот потврдија дека компанијата Бествеј Солушнс ќе биде дел од спонзорскиот тим на „црвено-црните“ во иднина.

Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) го засили Вардар 1961, откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.