Ѓорче Петров славеше против Хорс но не се пласираше во наредната фаза од Лигата на Европа

Ракометарките на Ѓорче Петров славеа победа против ракометарките на Хорс со 26-19 во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа, но не се пласираа во наредната фаза поради негативата од осум погодоци на првиот натпревар.

Металург Автокоманда го совлада Гореле во вториот натпревар од Европскиот Куп

Екипата на Металург Автокоманда го совлада тимот на Гореле со 37-34 во вториот натпревар од Европскиот Куп, но сепак не се пласираше во следната фаза, затоа што првиот натпревар го загуби со осум разлика.

Ѓорѓи Начевски е избран за претседател на Здружението на ракометни судии на Македонија

Здружението на ракометни судии на Македонија денес 06.10.2024 година во Кавадарци одржа Изборно собрание на кое едногласно беше избран Ѓорѓи Начевски за претседател на ЗРСМ во наредните 4 год 2024/2028.