
Алкалоид пушти во продажба билети за натпреварот со Силкеборг
Нов домашен европски дуел за Алкалоид. Следен ривал на тимот е реномираниот дански клуб Бјерингбро Силкеборг во рамките на третото коло од Лигата на Европа.

Нов домашен европски дуел за Алкалоид. Следен ривал на тимот е реномираниот дански клуб Бјерингбро Силкеборг во рамките на третото коло од Лигата на Европа.

Координаторот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција Handball Talks, со работен наслов "Ракомет, утре", во организација на најпознатиот регионален портал Balkan-Handball.com со техничка поддршка на Рк Нексе од Нашице, која ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Нашице (Хрватска).

Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар ќе говори на регионалната панел дискусија #handballtalks што денеска и утре се одржува во Нашице, Хрватска во организација на Balkan-Handball.com.

Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа победа против Црна Гора со 28-20, и го освои третото место на турнирот "Трофеј Карпати" во Романија.

Со првиот Јуниор Куп, турнир во мини ракомет, најголемата и најдобро организираната школа за ракомет во Македонија, дел од проектот Ракомет За Секое Дете, го прослави својот втор роденден и најубав начин ја најави третата сезона од своето постоење.

Дербито помеѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер најверојатно ќе биде одложено, откако тимот од Скопје побара да се одложи овој натпревар.