Пекабеско е нов спонзор на Вардар 1961

По освојувањето на двата трофеи пред почетокот на натпреварувачката сезона, на турнирот во Струга и на Супер Купот во Струмица каде триумфираше тимот на Вардар 1961, се зголеми и бројот на пријатели, поддржувачи и спонзори на „црвено-црните“. Нов пријател на Вардар 1961 е позната македонска компанија Пекабеско.

Неуромедика е нов спонзор на Вардар 1961

Во време кога Вардар 1961 почнува нова приказна, отвора нова страница од својата богата и долга спортска историја, и тргнува во испишување на резултати што треба да донесат враќање на клубот онаму каде припаѓа, се проширува и зголемува и бројот на клупските поддржувачи, помагатели и пред се спортски и бизнис пријатели.