Екипата на Аполда, која има високи амбиции за следната сезона и која обезбеди пласман во четвртата Бундес лига во Германија се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Александар Стојаноски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Аполда.
Ракометарот Александар Стојаноски настапува на голманската позиција и тој доаѓа од редовите на Бутел Скопје.

(фото – Рк Аполда)📷








