Екипата на Тиквеш, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Борјан Цековски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Тиквеш од Кавадарци.
Ракометарот Борјан Цековски настапува на позицијата пикер и тој доаѓа од редовите на Куманово.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








