Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата задржа нов ракометар во своите редови.
Еден од ракометарите со најдолг стаж во Бутел Скопје, Бојан Спасовски, ја продолжи соработката со клубот.
Десното крило потпиша нов договор на две сезони и ќе остане во клубот најмалку до летото во 2028 година.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷








