Бранислав Ангеловски: Сакам што повеќе момци од оваа група млади ракометари да заиграат во првиот тим на Еурофарм Пелистер

Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг.

За новата сезона и за Еурофарм Пелистер 2, за плановите и подготовките со своја изјава имаше и тренерот Бранислав Ангеловски.

“Едноставната работа може да биде сложена доколку се експериментираат некои работи. Ќе дадам сè од себе оваа екипа да го даде својот максимум на тренинзите, а со тоа и на натпреварите. Сакам што повеќе момци од оваа група млади ракометари да заиграат во првиот тим на клубот. Ќе одиграме неколку контролни натпревари до почетокот на сезоната, ќе учествуваме на турнирот во Прилеп”, – изјави тренерот Бранислав Ангеловски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *