Текстилец ги стартуваше подготовките за новата сезона (ФОТО)

Екипата на Текстилец полека го привршува летниот припремен период. Екипата е во полн тренажен процес и се подготвува за овогодинешниот настап во Првата ракометна лига на Македонија.

Управата и клубот успеаја во голем дел да го задржат костурот на екипата од претходната сезона. Во клубот остануваат капитенот Филип Џинес, Александар Јовановски, Драган Сенев, Филип Савев, Дарио Јорданов, Роберт Миланов, Лазар Стојанов, Кристијан Атанасов, Милисав Петров и Марјан Савев.

Во сениорската екипа се приклучија и дел од младинскиот погон: Кристијан Станчев, Христијан Властов, Христијан Коцев, Петар Зафиров, Никола Миланов, Андреј Зафиров, Андон Арсов, Христијан Харизанов и Марко Димов.

(фото – Рк Текстилец УГД)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *