Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Партизан со конечни 35-31 во натпревар од Регионалната лига.
Составот на Еурофарм Пелистер го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Партизан.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 15 гола, додека кај Партизан најефикасен беше Тобијас Вагнер со 10 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








