Бранислав Ангеловски е нов тренер на Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во следната сезона ќе биде предводена од нов тренер во Супер лигата.

За предводник на екипата на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранислав Ангеловски.

Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција.

Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *