Екипата на Вардар Неготино забележа победа против екипата на Партизан Гевгелија со конечни 46-34 во натпревар од Првата лига.
Составот на Вардар Неготино во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај да слави победа против Партизан Гевгелија.
Најефикасни во редовите на Вардар Неготино беа Ѓорѓи Орешков и Костадин Петров со по девет гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Илија Пејковски со 13 гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷








