Екипата на Барселона, која има високи амбиции во АСОБАЛ лигата во Шпанија за следната сезона се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Сергеј Ернандез, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.
Ракометарот Сергеј Ернандез настапува на голманската позиција и со Барселона потпиша договор до 2029 година.
Сергеј Ернандез е репрезентативец на Шпанија, а во актуелната сезона настапува за екипата на Магдебург.

(фото – Рк Барселона)📷








