Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Еурофарм Пелистер со убедливи 34-19 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Вардар го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај високо да го порази тимот на Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Урош Митровиќ со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Богдан Радивојевиќ и Филип Кузмановски со по пет гола.
Вардар ја обезбеди титулата во Супер лигата на Македонија и по три години го симна Еурофарм Пелистер од тронот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








