Вардар на 16 септември го пречекува Нант во првиот домашен натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Во продажба се пуштени билетите за натпреварот меѓу Вардар и Нант, кој ќе се одигра на 16 септември 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво онлајн преку vtickets.mk. Линк за купивање на билет за мечот – https://vtickets.mk/event/vardar-1961-vs-nant/224.
Цената на билетите ќе биде по 400, 500 и 600 денари во зависност од местото на седење во салата “Јане Сандански”.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








