Ракометарките на Гевгелија Југ стигнаа до висока победа против ракометарките на Астибо со конечни 35-24 во Женската Прва лига.
Составот на Гевгелија Југ победата ја имаше уште во првото полувреме, кога водеше со високи 20-8.
Најефикасна во редовите на Гевгелија Југ беше Нина Попова со девет гола, додека кај Астибо најефикасна беше Анастасија Богоевска со осум гола.
(фото – ЖРК Гевгелија Југ)📷








