Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на средба со претставници на Веспрем (ФОТО)

Екипата на Охрид, која има високи амбиции за Супер лигата и во Европскиот Куп гради сериозен проект за во иднина.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков беше во посета и се сретна со првиот човек на Веспрем, Чаба Барта.

Кирил Пецаков упати официјална покана до Веспрем за учество на традиционалниот меѓународен турнир во Охрид – „Крсте Андоновски“, со надеж дека веќе од следната година македонската публика би можела во живо да гледа уште еден европски ракометен великан како клубот од Унгарија.

​”Фокусот на нашиот разговор беше насочен кон патот на ГРК Охрид и нашите досегашни успеси во Европскиот куп и домашната лига и куп, за кои добивме искрени честитки. Големо признание е кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава нашите напори и напредок”, – стои во објавата на Кирил Пецаков.

(фото – Фејсбук/Кирил Пецаков)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *