Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Татабања во финалето од Европскиот Куп.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Дарко Ѓукиќ, кој изјави дека тимот ќе атакува на победа против Татабања.
“Не очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем, титула во Европа. Според мене играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене тој што ќе има голема желба. Ќе се обидеме да изиграме што подобро и со што подобар резултат да се вратиме во Охрид”, – изјави ракометарот на Охрид, Дарко Ѓукиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








