Кадетите на Тинекс Пролет утре ги очекува атак на титулата во својата возрасна категорија, на Ф4 турнирот што ќе се игра во Битола.
Младите ракометари на Тинекс Пролет го освоија првото место во лигашкиот дел, а меѓу најзаслужните е Лука Јовиќ, кој со нетрпение го очекува предизвикот наречен Ф4.
„По одличната сезона во кадетското првенство, очекувањата се нормално високи, но на фајнал фор нема лесни натпревари. Веруваме дека шансите за трофеј се реални, ако останеме дисциплиниран и го задржиме препознатливиот борбен дух и колективната игра што нè красеа цела сезона. Заштитен знак на тимот се тимската игра, борбеноста и заедништвото. Сите функционираме како едно, тоа ни донесе резултат во текот на целата сезона, очекуваме тоа да биде случај и на овој фајналфор турнир“, – вели Лука Јовиќ.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








