Екипата на Охрид ја очекува натпревар против екипата на Тиквеш на домашен терен во рамки од последното коло од плеј-офот од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Тиквеш.
“После натпреварот со Татабања ни следува и последниот натпревар од домашното првенство против екипата на Тиквеш. Станува збор за млада и борбена екипа, па не очекува еден тежок натпревар за кој немаме многу време за подготовка, но ќе излезем максимално мотивирани и ќе го дадеме нашиот максимум за да ја завршиме сезоната во домашното првенство со уште една победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски.

(фото – ГРК Охрид)📷








