Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Куманово со конечни 37-26 во натпревар од Женската Супер лига.
Составот на Чаир имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, па на крај да слави против Куманово.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Мила Трајковиќ со девет гола, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Маријана Азеведо со седум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








