Делегатот Гордана Ѓорѓеска, која има ЕХФ значка ќе биде делегат на турнирот Приморско 2026 во Бугарија од 12 до 14 јуни.
Гордана Ѓорѓеска веќе има искуство на вакви турнири како што се турнирите на плажа на европско ниво, а пред некое време беше на турнирот Јарун Куп од 29 април до 4 мај во Загреб (Хрватска), а во јули заминува во Сантандер (Шпанија), додека понатамошните ангажмани ќе бидат откриени понатаму.
Турнирот Плажа Манија 2026 година ќе се одржи во Бугарија во градот Приморско, а делегатот Гордана Ѓорѓеска ќе биде единствен претставник од Македонија.

(фото – Фејсбук/Приморско 2026)📷








