Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 7. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.
Судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат дербито меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Игор Огненов.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 7 мај во четврток со почеток од 19:00 часот во салата “Јане Сандански”, во Битола.
(фото – Архива)📷








