Екипата на Драчево Јуниор, која има високи амбиции за новата сезона во Првата лига се засили со тројца нови ракометари.
Станува збор за ракометарите Иван Ќурчиев, Виктор Панчевски и Давид Најдовски кои ќе го носат дресот на Драчево Јуниор.
Иван Ќурчиев настапува на позицијата среден бек и доаѓа од младинската екипа на Вардар, Виктор Панчевски настапува на позицијата лево крило и доаѓа од Алкалоид, додека Давид Најдовски доаѓа исто така од Вардар.

(фото – 24Ракомет)📷








