Кристијан Трајковски е нов ракометар на Илинден

Екипата на Илинден, која има високи амбиции за Првата лига во новата сезона се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Кристијан Трајковски, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Илинден.

Ракометарот Кристијан Трајковски настапува на позицијата кружен напаѓач и својата ракометна кариера ја започнува во младинските категории на Илинден, а потоа настапува и за Вардар и Бутел Скопје. Сениорското искуство го стекнува во екипата на Шампион.

(фото – Рк Илинден)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *